Мурињо го сруши рекордот на легендарниот Фергусон

Рома синоќа со 2:1 славеше на гостувањето кај Хелсинки, победа која посебно треба да му е мила на португалскиот стратег Жозе Мурињо. Со овој успех, Мурињо стана тренер со најмногу победи во меѓународните клупски натпреварувања, надминувајќи го рекордот на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

За Мурињо, триумфот над Хелсинки беше вкупно 107-ми во европските купови, оставајќи го зад себе Фергусон на 106 победи. Веднаш зад Ферги е актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, со 105 победи во еврокуповите.

Освен со Рома, Мурињо во европските купови има победи и како предводник на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Тотенхем. Со Порто и Интер стигна и до трофејот во Лигата на шампионите во 2004 и 2010 година, додека со Манчестер јунајтед ја освои Лигата на Европа, а минатата сезона со Рома се радуваше на пехарот во Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести