Мурињо кон судиите со најпогрдни пцовки, арбитарот му го најде „лекот“ (Видео)

Рома загуби на „Олимпико“ од Аталанта со 0:1, во меч на кој Жозе Мурињо доби црвен картон. Тренерот на Римската волчица беше исклучен во 57 минута по една судиска одлука во корист на Аталанта.

Мурињо излезе од просторот наменет за тренерите и почна на португалски да вика кон судијата. Според пишувањата, Мурињо бил многу вулгарен и на португалски го пцуел судијата со зборовите „Е*и се. Ку*вин син“.

Судијата Даниел Чифи без многу размислување го испрати Мурињо на трибините.

По мечот, Мурињо беше многу разочаран затоа што вели дека неговиот тим бил многу подобар и доминирал против Аталанта, но гостите на крајот победија и тоа со еден прецизно упатен удар во рамките на голот на домаќините.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести