Мурињо: Марадона нема да ми фали, ама дефинитивно ќе ми недостасува Диего!

Жозе Мурињо синоќа беше еден од првите кои се прости од легендарниот Диего Армандо Марадона. Португалскиот стратег сега објасни дека легендарниот Аргентинец го доживеал како две различни личности и објасни како е тоа можно.

„Постојат Марадона, постои и Диего. Марадона беше сè она што можевме да го видиме на теренот, на фудбалот и некои други работи. Диего беше поинаков. Имаше огромно срце. Можам да речам дека тој ми беше пријател со кого се слушавме по телефон“, вели Мурињо, кој објасни зошто Марадона нема да му фали, но Диего дефинитивно ќе му недостасува.

„Кога ќе ни фали Марадона, ќе пуштиме да гледаме дел од клиповите со неговите игри. Тогаш ќе се присетиме на неговата магија на теренот, додека Диего не можеме да го вратиме. Тоа е човекот кој најмногу ми фали. Денеска во соблекувалната на моите играчи им раскажав една анегдота. Најмногу ќе ми недостасува неговиот телефонски повик по некој мој пораз. Ако победев, никогаш не ми се јавуваше, затоа што знаеше дека тогаш не ми е потребна поддршка. Тој беше тука во тешките моменти. Во таквите моменти знаеше да ми рече „Моу немој да заборавиш дека си најдобриот на свет“. Тоа најмногу ќе ми недостасува, мој Диего“, откри Мурињо.

Тотенхем во овие моменти игра против Лудогорец во Лигата на Европа и на 25 минути пред крајот, лондонскиот тим води со убедливи 3:0.

- Оглас -

Најнови вести