Мурињо му рече дека не е добар, а стана премиерлигашка ѕвезда

Бразилскиот напаѓач Габриел Мартинели синоќа имаше одлично издание на дербито помеѓу Челзи и Арсенал и тоа беше повод повеќе да се пишува за него и да се потсети дека 18-годишниот талент на Топчиите можеше да биде член на Манчестер јунајтед, но таму во времето на менаџерот Жозе Мурињо не сметале дека е доволно добар за кај нив.

Мартинели во Арсенал дојде од бразилскиот Итуано за 8 милиони, многумина мислеа дека тоа се џабе потрошени пари, но Габриел ги демантираше неверниците. Тој сезонава има 10 гола на 21 меч во сите натпреварувања, па веројатно во Јунајтед се каат што не го задржаа кога беше на четири проби кај нив.

„Од 2015 до 2017 година, четирипати бев на проба во Манчестер јунајтед. Пробите траеја по 15 дена. Ги видов големите ѕвезди како Погба, Евра, Фелаини. Погба ме прашуваше како се чувствувам, како ми оди. Не знаев баш добро англиски јазик, но на теренот се трудев максимално. Не ја добив довербата и по четвртата проба ми рекоа дека нема да добијам договор“, изјави Мартинели кој синоќа со мајсторски гол за 1-1 го разбуди дотогаш „заспаниот“ Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести