Мурињо најави дека е задоволен и со реми на Тотенхем против Лудогорец

Англискиот премиерлигаш Тотенхем за помалку од два месеца повторно гостува во Бугарија. Лондонскиот тим во септември играше против Локомотив Пловдив и едвај победи со 2:1, благодарение на двата погодоци во последните 10 минути. Сега ривалот на Тотенхем е Лудогорец во групната фаза од Лигата на Европа.

Тренерот на гостите, Жозе Мурињо, е претпазлив и вели дека за Тотенхем ќе биде добро ако освои четири бода од двата меча против Лудогорец.

„Секогаш е важно кога два меча по ред играш против ист противник. Откако загубивме во претходното коло, сега очекувам да освоиме бодови. Шест бода од двата меча со Лудогорец би биле феноменални, но и со четири сум задоволен. Треба сериозно да му пристапиме на овој натпревар. Лудогорец ќе биде со четворица во одбраната, а ќе играат или 4-3-3 или 4-2-3-1. Ние сме подготвени“, вели Мурињо.

По двете кола, Тотенхем има три бода, додека Лудогорец ги загуби средбите против Антверпен и ЛАСК Линц, па со евентуален нов неуспех против Тотенхем, бугарскиот првак ќе остане без шанси за да ја помине групната фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести