Мурињо од боксот на Ферари прогнозира кој ќе биде првак на Италија, а тоа не е Јувентус

„Специјалниот“ фудбалски тренер Жозе Мурињо, беше специјален гостин на Ферари за време на квалификациите од Формула 1 на патеката Силверстоун, и како и секогаш, даваше интересни одговори на прашањата од новинарите. Португалецот пронозира дека неговиот некогашен клуб Интер, ќе ја прекине доминацијата на Јувентус во Серија А.

„Ферари е нешто посебно, со задоволство прифатив да бидам во нивниот бокс. Што се однесува до италијанската Серија А, оваа сезона шампион ќе биде Интер, сигурен сум во тоа. Што правам во моментов? Учам германски јазик, не го познавам тој јазик, а сакам  да го знам. Зборувам англиски, шпански, португалски, француски, италијански. Не значи дека ќе се преселам во германски клуб, но не отпишувам ниту една варијанта“ – рече Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести