32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Мурињо одбил да стане најбогатиот тренер во историјата

Жозе Мурињо уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата. Португалскиот стратег во декември доби отказ од Манчестер јунајтед, а потоа најави дека во фудбалот ќе се врати во текот на летото. Засега, Мурињо ја чека вистинската понуда за нов предизвик.

Кинескиот клуб Гуангжу Евергранде му понудил на Мурињо да седне на клупата и тоа за неверојатна сума од 40 милиони евра по сезона. Тоа се пари кои ниту еден тренер никогаш не ги заработил за тој период. Тренерот имал состанок со газдата на клубот, Хјуи Јан, но на крајот решил дека поради семејството, но и желбата да остане во Европа, не може да замине во Кина.

Засега, Мурињо доби понуди да биде тренер на Бенфика, Селтик, Рома и Њукасл, но сите ги одби како недоволно атрактивни.

 

- Оглас -

Најнови вести