Мурињо одлучи каде сака да работи, само го чека моментот

Жозе Мурињо одлучи кој клуб сака да го води. Португлецот со нетрпение чека да се врати во тренерските води, а Тотенхем е клубот со кој планира повторно да си ја оживее кариерата. Мурињо е без ангажман од декември минатата година кога доби отказ од Манчестер јунајтед, а сега цел му е да води и трет англиски клуб, по Црвените ѓаволи и Челзи.

Англиските медиуми тврдат дека Мурињо ја открил оваа одлука на свои блиски пријатели, и дека го чека моментот кога Тотенхем ќе се раздели со Маурисио Покетино. Работата во лондонскиот клуб му одговара бидејќи би имал голема слобода околу составувањето на тимот, особено што во редовите на европскиот вицепрвак има многу незадоволни играчи кои сакаат да си заминат, а тој би довел фудбалери кои би му одговарале на неговата стратегија во обидот да оствари успех.

И претходно се појавија шпекулации кои го поврзуваа Мурињо со Тотенхем, но се чини дека како изминува времето сè поизвесно е дека ќе се оствари оваа соработка.

Покетино и натаму се мачи да ја поправи хармонијата во својата екипа, но никако работите да тргнат кон подобро. Тотенхем моментално е на 14-тата позиција во Премиер лигата со 11 бода помалку од топ 4 екипите на табелата. Уште повеќе загрижува што Петлите последната победа во англискиот шампионат ја забележаа кон крајот на септември против Саутхемптон.

- Оглас -

Најнови вести