Мурињо останува во Британија, и тоа во многу трофеен клуб?

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо планира летово да си најде работа како шеф на стручниот штаб на некој клуб, а иако не открива имиња на негови потенцијални дестинации, има јасна визија во каков клуб би заминал и кажа што ќе бара од своите идни работодавци.

„Нема да разговарам со клуб кој нема да постави јасни цели. Сакам да знам што точно сака клубот, и што јас можам да направам за да ги оствариме тие цели. Имам јасна идеја за мојот следен клуб. Мојата филозофија на игра зависи од клубот. Не оди ако поради некакви историски моменти кои ги имал клубот, мора да ги игнорирате своите идеи. На пример, во Манчестер јунајтед не ја сфаќаа мојата филозофија“ – рече Мурињо.

Околу името на Мурињо се вртат многу шпекулации, некои го селат во Франција, други во Италија, а како изненадување дојде информацијата дека тој би можел да седне на клупата на шкотски Селтик. Од Селтик веќе имале контакт со менаџерот на „специјалниот“. Таму се подготвени да му ги исполнат барањата околу слободата во вршењето на работата.

- Оглас -

Најнови вести