Жозе Мурињо јасно стави до знаење дека во моментов не размислува за камбек во Реал Мадрид, иако сè погласни се шпекулациите дека би можел да го наследи актуелниот тренер Алваро Арбелоа.
Искусниот португалски стратег, кој сега го води Бенфика, потенцираше дека неговиот фокус е целосно насочен кон обврските во Лисабон.
„Мојата следна цел е да ја вратам Бенфика во Лигата на шампионите“, изјави 63-годишниот тренер во интервју за италијанскиот медиум „Ил Џорнале“, со што практично ги олади гласините за можно заминување.
Неговата реакција доаѓа и по коментарите на поранешниот играч на Кралевите, Гути, кој смета дека Мурињо веќе го минал зенитот од својата тренерска професија и дека претседателот Флорентино Перес треба да размисли за поинакво решение на клупата на мадридскиот гигант.

