Мурињо паднал во несвест кога слушнал дека Дејан Станковиќ станал тренер на Црвена ѕвезда

Дејан Станковиќ денеска беше промовиран во нов тренер на Црвена ѕвезда. Тој доаѓа на местото на Владан Милојевиќ, а Станковиќ беше воодушевен од пречекот посебно токму од тренерот кој ќе го замени.

„Им благодарам на сите во клубот. На легендите, на навивачите и на сите кои допринесоа што сега сум тука. Веќе 20 години сум во фудбалот и никогаш не сум видел ден тренер да го пречека неговиот наследник со насмевка на лицето.Му благодарам на Владан за тоа што ме пречека и ме внесе на патеката. Милојевиќ си заминува како голем господин“, вели Станковиќ.

Црвена ѕвезда е убедлив лидер во српското првенство со 11 бодови пред Партизан. Интересно е што на чело на Партизан е Саво Милошевиќ кој е голем пријател на Станковиќ.

„Мило ми е за Саво. Со него сме големи пријатели, но за време на дербито сигурно нема да бидеме“, вели Станковиќ.

Како играл, Станковиќ еден дел од кариерата ја помина во Интер, каде играше под водство на Жозе Мурињо. Популарниот Секи открива дека се слушнал со Мурињо откако ја добил работата во Ѕвезда.

„Имаме заедничка група на „whatsapp“ која се вика „Триплета“ и таму се сите членови на Интер од 2010 година.  Жозе Мурињо падна во несвест кога слушна дека сум станал тренер на Црвена ѕвезда. Ми рече: Деки ти ли си, а потоа ми посака среќа“, ја открива анегдотата Станковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести