Мурињо по поразот во Бугарија: Не заслуживме таков резултат

Рома лошо го започна настапот во Лигата на Европа откако загуби на гостувањето кај Лудогорец со 2:1. Римската волчица беше фаворит, но на теренот бугарскиот првак покажа дека може да биде опасен.

Лудогорец поведе со 1:0 во второто полувреме, Рома стигна до 1:1, но многу брзо потоа домаќините повторно се израдуваа на погодок кој беше доволен за да слават на крајот.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е разочаран од поразот и вели дека неговиот тим не заслужил да си замине без ниту еден бод од Разград.

„Не велам дека одигравме фантастичен меч бидејќи тоа не е така, но мислам дека резултатот на крајот не е реален. Одигравме доволно за да не загубиме, но на крајот загубивме. Работите делуваат како сè да оди против нас. Секогаш е убаво да се победи во првиот меч, но добро е што ова не е елиминации, па имаме уште пет средби да го поправиме впечатокот“, рече Мурињо.

Португалскиот стратег со Рома и минатата година имаше некои неочекувани порази во европските купови, но на крајот во клупските витрини го донесе трофејот од Конференциската лига на УЕФА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести