Мурињо побрз од ВАР: Почна да слави уште пред судијата да покаже дека е гол! (Видео)

Голот кој синоќа го постигна Андреа Белоти за Рома против Бетис, „официјално“ прв го прослави Жозе Мурињо. Додека сите на теренот чекаа да заврши проверката во ВАР-собата, каде што се прегледуваше снимка и се утврдуваше дали голот е регуларен, тренерот на Рома се радуваше и извикуваше „Гол е, гол е!“

Кога Белоти ја затресе мрежата на Шпанците, помошниот судија сигнализираше дека е офсајд. Проверката во ВАР траеше неколку минути, а Мурињо и неговиот помошник ја гледаа ситуацијата на таблет, по што Португалецот процени дека голот е чист и почна да се радува.

Иако тој им кажа на играчите предвреме дека е гол, тие почекаа да добијат потврда и од главниот судија Сидеропулос.

Еве како Мурињо го надмудри ВАР и порано виде дека е гол:

- Оглас -

Најнови вести