Мурињо повторно во игра, имал телефонски разговор со претседателот на Реал

Еден пораз на Реал Мадрид е доволно за повторно да се засили притисокот врз Зинедин Зидан, па во шпанските медиуми повторно се отвори темата „Жозе Мурињо иден тренер на Реал“.

Поразот од Мајорка не е обичен. Сега Реал веќе не е прв, повторно ѝ гледа во грб на Барселона, а и статистичките показатели одат во прилог на тоа дека Реал менувал тренери кои имале и подобар биланс од актуелниот на Зидан. Популарниот Зизу го потроши кредитот, па се шпекулира дека ако Кралевите загубат утре од Галатасарај, тоа би можело да значи и крај на престојот на Французинот на клупата на Реал.

Можеби ова е само заплашување како неодамна, кога се говореше дека работата околу враќањето на Мурињо е „готова“, а играчите кои не го сакаат, почнаа да редат подобри резултати и го спасуваа Зидан.

Претседателот Флорентино Перес, се слушнал по телефон со Португалецот и го прашал дали е подготвен за враќање на „Сантијаго Бернабеу“. Перес верува дека Мурињо може да ги направи потребните промени и дека Зидан го загуби компасот по камбекот на клупата на Реал.

Мурињо го водеше Реал од 2010 до 2013 година и освои само по една титула во првенството и Купот на Шпанија, па не крие дека сака да добие шанса за поправен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести