Мурињо пресече, Бејл нема да остане во Тотенхем

Герет Бејл по крајот на сезоната ќе се врати во Реал Мадрид, тврдат повеќе англиски медиуми. Наводно, Жозе Мурињо не е задоволен од настапите на велшкиот офанзивец, по што Тотенхем нема да ја активира опцијата за Бејл да остане уште една сезона на позајмица.

Специјалниот воедно откри дека немало дополнителни разговори со управата на клубот околу откупувањето на договорот на Бејл од Реал, што значи дека неговиот камбек во Лондон ќе остане привремен.

Бејл сезонава во глабно настапуваше во куповите и Лигата на Европа, со учинок од само три погодоци во 12 настапи, додека во Премиер лигата најчесто добива прилика за настап од клупата за резерви.

 

- Оглас -

Најнови вести