Мурињо сака да се врати во Челзи?!

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо, по завршувањето на сезонава би можел да си замине од Рома, и да се врати на клупата на Челзи, клуб кој го водеше од 2004 до 2007 година.

Мурињо не чувствувал дека секогаш има поддршка од Рома кога барал засилувања, па наводно размислувал да оди кај жена му и децата во Лондон.

Греем Потер кој среде сезона дојде во Челзи, не се прослави, па реално е клубот кој вложи огромни суми на пари, на чело на скапиот тим да стави и трофеен тренер.

Инаку, на денешната прес-конференција пред гостувањето кај Наполи, Мурињо им ја честиташе титулата на наполитанците и рече дека жали што Николо Ѕаниоло останува во Рома. Ѕаниоло пред еден месец рекол дека сака да си оди, но не направи трансфер и сега е во немилост на Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести