Мурињо: Салах мора да направи уште една работа, за да ја освои „Златната топка“

Мохамед Салах покажа дека не е од оние играчи кои ќе блеснат една сезона и потоа ќе ги снема. Откако минатата година не успеа со Ливерпул да стане европски првак, а оради повреда мораше предвреме да си замине од теренот во финалето, воојпат Салах се радуваше на големиот трофеј во Лигата на шампиони.

Египетскиот репрезентативец даде и гол во финалето, а со игрите во текот на целата сезона, сигурно ќе биде еден од фаворитите за освојување на „Златна топка“. За тоа какви се шансите Салах да биде најдобар играч во светот за изминатава сезона, со свое мислење се истакна и Жозе Мурињо.

Португалскиот стратег вели дека на Салах му е потребно со Египет да стане првак на Африка, за да може да се надева на освојување на „Златната топка“. Салах како капитен треба да го предводи Египет на Африканскиот куп, кој се игра токму во оваа земја.

- Оглас -

Најнови вести