Мурињо се фали дека Манчестер има добра одбрана

Манчестер јунајтед е во серија од три победи по ред (две во првенството и една во ЛШ), а оптимизмот кај тренерот Жозе Мурињо нагло се зголеми. „Црвените ѓаволи“ попладнево на својот „Олд Трафорд“ се домаќини на Вулверхемптон. Противникот може да се нарече и „португалска колонија“, бидејќи во стартниот состав има дури петмина играчи од Португалија. Токму тие играчи се научени да играат офанзивен фудбал и треба да покажат дали се подготвени да се справат со фаворит како што е Манчестер јунајтед.

Мурињо е расположен, а пред мечот и не штедеше пофални зборови посебно за дефанзивниот ред на неговиот тим.

„Сега играме многу подобро. Конечно почнавме да се справуваме и со проблемите кои ги имавме во одбраната. Не сакам да кажам дека причина за лошата одбрана беа Бејли или Џонс, но сега играат Смолинг и Линделоф. Мислам дека тимот игра солидно на сите позиции. Се е подобро кога се има добри резултати“, рече Мурињо.

Традицијата дека Манчестер нема да прими гол против Вулверхемптон и не е многу уверлива. Точно е дека „црвените ѓаволи“ победиле на четири од овие пет средби, но на дури четири од нив „волците“ успеале да дадат гол. Дали Мурињо ќе успее да ја сопре „португалската“ офанзива на гостите треба да видиме попладнево со почеток од 16 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести