Мурињо си замина, Рома конечно победи! (Видео)

Екипата на Рома ја прекина серијата од негативни резултати и тоа на првиот натпревар без Жозе Мурињо на клупата. Се чини португалецот требаше да добие отказ за да ѝ тргне на „римската волчица“.

Фудбалерите на Рома ја победија Верона со минимални 2-1 на тренерското деби на легендата на клубот, Даниеле де Роси. „Римската волчица“ победата ја обезбеди многу брзо, откако Лукаку во 19-тата и Пелегрини во 25-тата минута погодија за убедливо водство од 2-0. Почесниот погодок за гостите беше дело на Фолоруншо во 76-тата минута, откако претходно во 64-тата минута Ѓуриќ промаши пенал.

Рома со победата, барем привремено, се искачи на осмата позиција на табелата со 32 поени, два помалку од четвртопласираната Фиорентина, која има и меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести