Мурињо со пцовка се прости од Марадона

По веста за смртта на Диего Армандо Марадона, илјадници пораки стигнаа во чест на еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Пеле во испратената порака порача еден ден на небото да заигра заедно со Марадона, а, секако, и Лионел Меси имаше порака за неговиот славен сонародник. Лео порача дека Диего е вечен! 

Во „морето од пораки“, сепак се издвојува една, таа на Жозе Мурињо. Португалскиот стратег е единствен кој во пораката посветена на Марадона напиша и една пцовка.

„Дон Диего… Ебате, пријателе ми недостигаш“, напиша Мурињо на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

- Оглас -

Најнови вести