Мурињо: Веќе не го разбирам ВАР, требаше Погба да биде исклучен

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, смета дека поразот од 1-3 во дербито со Манчестер јунајтед не е заслужен. Португалскиот стручњак не ја пропушти можноста да го искоментира и ВАР системот за чие функционирање има многу замерки особено во Англија.

„Игравме против добар тим кој има одлични играчи во средниот ред, им честитам за победата. Имавме одлични шанси да дадеме и втор гол. Мое мислење е дека не заслуживме ваков резултат. Немам замерки за моите играчи. Немавме среќа, можни Погба требаше да добие црвен картон за удирање со лакт на Орие. Не знам веќе што да мислам за ВАР, има контрадикторни одлуки. Го гледав мечот на Фулам со Вулфс, не разбирам веќе ништо. Не можете да прославите гол бидејќи се плашите оти може да ви го поништат“ – рече Мурињо.

После поразот, Тотенхем се оддалечи од местата кои водат во Лигата на шампионите, и тоа е многу опасно за клубот, бидејќи може летово да останат без Хари Кејн, кој најави заминување ако не се пласираа во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести