Мурињо во свој стил: Едвај чекав да заврши мечот со Вулверхемптон

Жозе Мурињо не е задоволен од претставата на неговите избраници на дуелот со Вулверхемптон, а ремито дома, 1:1 секако е несупех за „црвените ѓаволи“.

„Не ми се допаѓаше тоа што го гледав денеска на теренот. Едвај чекав да заврши мечот“, изјави Мурињо во свој стил.

Манчестер јунајтед имаше предност од 1:0 по голот првенец на Фред, но Мутињо со прекрасен гол израмни на 1:1 и им донесе голем бод на популарните „волци“.

Ремито доаѓа во незгоден момент и за Мурињо и за Јунајтед, откако се чинеше дека се смирија страстите во клубот, по трите победи едноподруго.

Манчестер јунајтед по само шест кола го губи здивот во битката за врвот на табелата во Премиерлигата и има осум бодови помалку од лидерот и голем ривал Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести