Мурињо во свој стил: Лацио упати половина шут и победи

Лацио славеше над Рома на „Олимпико“ во дербито на Рим, а тренерот на Римската волчица, Жозе Мурињо, стандардно имаше обаснување по поразот и вели дека неговиот тим не заслужил да загуби. Според Мурињо, Лацио едвај упатил „половина удар“ кон голот на Рома, а на крајот ги освои трите бода.

„Имаме три порази сезонава на домашен терен и сите три се незаслужени. Аталанта победи со еден шут кон голот, Наполи страдаше како против никого сезонава, но даде супергол благодарение на Осимен, а сега Лацио упати половина шут и победи. Ни недостасува квалитет во последните 20 метри од теренот. Против Лацио имавме доминација, а противникот сакаше што е можно помалку да се игра. Мора да ги добиваме индивидуалните дуели“, вели Мурињо, кој потенцираше дека недостасуваше и повредениот Дибала.

Голот на Лацио дојде по една голема грешка во одбраната на Рома и таа ситуација може да ја видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести