Муса го сруши рекордот на Лука Дончиќ

Џенан Муса успеа да сруши еден рекорд во Реал Мадрид кој беше во сопственост на Лука Дончиќ. Кралскиот клуб и официјално објави дека Муса е нов клупски рекордер по бројот на постигнати поени во една сезона во Евролигата.

Муса сезонава ги одигра сите 30 натпревари за Реал во Евролигата во регуларниот дел и досега има постигнато 457 поени. Муса само на пет средби немаше двоцифрен број на поени, а најмногу поени постигна на дуелот против Валенсија кога заврши со 28 поени.

- Оглас -

Најнови вести