[do_widget id=custom_html-5]

Муслера прими смешен гол кој може да го остави Уругвај без Мундијалот (ВИДЕО)

Фернандо Муслера важи за еден од најдобрите голмани кои доаѓаат од Јужна Америка.

Но, чуварот на мрежата на Уругвај направи неверојатен кикс на дуелот против Боливија, во кој неговата селекција губи со 2:0.

Тој ја промаши топката во 38-мата минута, по еден навистина лош шут на Хуан Арсе, но топката наместо во неговите раце, заврши од стативата во голот.

Вториот гол дојде во последните мигови преку Морено Мартинс.

Навистина неверојатна грешка, која може многу да го чини Уругвај, кој има 16 бодови и е на делба на шестото место, а само првите четири обезбедуваат директен пласман на СП, додека петтопласираниот игра бараж.

- Оглас -

Најнови вести