Капитенот на Галатасарај, искусниот уругвајски голман Фернандо Муслера, тотално ги загуби нервите во откако прими гол во финишот на дуелот со Јанг Бојс во плејофот за влез во Лигата на шампионите и заработи директен црвен картон.
Муслера го шутна противничкиот играч Алан Виржиниус кој беше стрелец на голот со кој турскиот првак остана без место во ЛШ и ќе мора да игра во групната фаза во Лига Европа, а таму на првите неколку меча сигурно ќе го нема Муслера кој ќе добие суспензија.
https://twitter.com/i/status/1828544805728587936