Дени Мусовски го одигра вториот меч за македонската фудбалска репрезентација, која повторно не постигна гол, но овојпат барем беше добра во дефанзивната линија и на крајот извади 0:0 на гостувањето во Даблин против Ирска. Напаѓачот кој настапува во американскиот МЛС-шампионат вели дека е задоволен.
„Цврст, тежок меч. Имаат многу цврсти, силни играчи. Но, и ние покажавме борбен карактер. Се боревме во текот на сите деведесет минути и изборивме нерешен резултат, што сметам дека е добро. Беше тешко да се игра против нивните дефанзивци, високи, силни стопери. Задоволен сум од својот настап, се борев доста и за таа „втора“ топка и мислам дека оставив добар впечаток. Штета, можеби и што не добивме шанса и да победиме можеби“, изјави Мусовски по мечот.

