Македонскиот фудбалер Дани Мусовски даде гол со кој му помогна на својот тим Сиетл саундерс да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите на Северна и Средна Америка, каде што ќе се сретне со Синсинати или Тигрес.
Новопечениот македонски репрезентативец кој е роден во САД, а за Македонија би можело да дебитира за една недела на гостувањето кај Данска од баражот за Светското првенство на мечот со Ванкувер, за кој игра легендата Томас Милер, влезе во игра во 66-тата минута, а само 13 минути подоцна даде гол со глава за 1-1 и ги спречи сите надежи на канадскиот тим дека може да направи чудо (првиот меч го доби Сиетл со 3-0).
Musovski climbs and finishes! 😮💨 pic.twitter.com/Vl3EsLbNBw
— Concacaf Champions Cup (@TheChampions) March 19, 2026

