Мутињо: Манчестер јунајтед се обиде да нѐ имитира, им го растуривме планот и заслужено победивме (Видео)

Португалскиот репрезентативец Жоао Мутињо со победнички гол во 82-рата минута ја круниса одличната игра на Вулверхемптон за победа на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед, прва за Волците на храмот на фудбалот од 1980 година.

Мутињо погоди за голема радост на гостите и по мечот имаше интересна изјава.

„Се обидоа во второто полувреме да играат како нас, со тројца стопери, но им го откривме планот и заслужено победивме“, изјави Мутињо.

João Moutinho: "They changed for 3 centre backs, they played like us the second half. We controlled everything, we deserve it." from soccer

Вулверхемптон доминираше на мечот, гостите имаа дури 19 удари, а во првото полувреме броеја до 15, што е најмногу за гостинска екипа на „Олд Трафорд“ по речиси две децении.

 

- Оглас -

Најнови вести