Музичка група држеше концерт, истовремено го гледаше и големото градско дерби (Видео)

Руската хеви метал група „Арија“ попладнево држеше концерт во градот Одинцово, а членовите на овој бенд на сцената имаа и еден лаптоп на кој беше пуштен пренос од фудбалското дерби помеѓу Спартак и ЦСКА Москва. Градското дерби од руската Суперлига заврши со триумф на Спартак со 1-0.

Интересно е што на снимката на која се гледа како музичарите гледаат и фудбал среде концерт, тие ја изведуваат песната „Духот на војната“. Фудбалската војна во главниот град на Русија заврши со победа на Спартак и еден црвен картон за ЦСКА.

Снимката може да ја погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести