Музичката легенда е голем навивач на „црно-белите“ – Еди Грант му ја честита куп-титулата на Партизан

Еди Грант е веројатно и најпознатиот навивач на Партизан во светски рамки, а популарната музичка легенда не заборави да им ја честита новата куп титула на „црно-белите“.

Љубовта меѓу двете страни трае над 20 години, а Грант веднаш по големата победа на Партизан против вечниот ривал Црвена Ѕвезда напиша на Твитер: „Честитки. Рингбенг засекогаш“.

Партизан со победа од 1:0 вчеравечер ја нанижа четвртата титула во купот на Србија едноподруго, а го победи големиот ривал на неговиот стадион „Рајко Митиќ“.

- Оглас -

Најнови вести