МЗТ е фаворит, а Пелистер е аутсајдер барем на хартија во денешните мечеви од АБА 2 лигата

Македонските тимови во кошаркарската АБА 2 лига, МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер, откако во минатото коло на мини-турнирот во хрватскиот град Осиек имаа меѓусебен дуел, денеска играат нови мечеви од регионалната лига, по што се враќаат дома.

Битолчани од 15 часот играат со Војводина, тим кој исто така има скор 1-2 по три кола. Сепак, според квотите во Sport Life, српскиот тим е голем фаворит и коефициентот за триумф на тимот на тренерот Марјан Илиевски е доста голем.

Во 18 часот, МЗТ има дуел со домашниот тим Вриједноснице Осиек. Според квотите, МЗТ е фаворит, па вреди да се уплати на победа на македонскиот првак. Екипата од Осиек е нова во АБА 2 лигата и засега е единствена без триумф.

Интересно е што и на Штрковите од Аеродром и на Зелените од Битола, ќе им суди по еден македонски судија.

- Оглас -

Најнови вести