МЗТ на два дена пред еден од клучните мечеви во АБА лигата, остана без важен играч!

Американскиот бек Били Реј Ајви го напушти МЗТ Скопје Аеродром, и прејде во полскиот клуб Чарни Слупск.

Овој трансфер доаѓа во многу незгоден момент за Штрковите кои в сабота играат многу важен меч против последнопласираниот тим во АБА лигата, Борац Чачак.

Ајви сезонава во АБА имаше просек од 9,9 поени, 3,7 скока и 3,6 асистенции за 25 минути по меч. Вршеше работа и во одбрана, а по неговото заминување и претходно на Андреј Магдевски, тимот остана со само еден плејмејкер, па во најскоро време треба да најдат начин како да се покрие оваа голема празнина.

- Оглас -

Најнови вести