МЗТ Скопје Аеродром ќе биде најголем губитник во АБА лигата!

Регионалната АБА-лига од следната сезона ќе брои 14, а не како досега 12 екипи. Според состанокот на екипите во ова натпреварување, се очекува сезонава да нема испаѓање, а влез во елитната лига да има за првопласираните две екипи од АБА 2, а тоа се Борац Чачак и Сплит.

Во една ваква ситуација, најмногу ќе загуби МЗТ Скопје Аеродром, кој заврши како третопласиран во регуларниот дел од АБА 2. На тој начин македонсиот првак ќе извиси од борбата за влез во елитното регионално натпреварување. Ако ова се реализира, МЗТ Скопје Аеродром дефинитивно ќе биде најголемиот губитник во регионот.

Тимот од „Јане Сандански“ во текот на целата сезона беше на една од првите две позиции во АБА 2, но со четирите порази во последните пет кола направи од готово-вересија. За разлика од МЗТ, тимот на Сплит победи во последните четири натпревари и на тој начин стигна до еднаков број поени како аеродромци, но бидејќи хрватскиот тим имаше подобар скор во меѓусебниот дуел, на крајот од сезоната заврши на второто место, а македонскиот тим падна на третата позиција. Токму тоа што МЗТ заврши како трет, ќе значи дека нема да избори место во АБА 1 лигата за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести