Кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром на свој терен ќе ја започне новата сезона во АБА 2 лигата. Аеродромци лани за малку не успеаја да се пласираат во елитата на АБА откако во двата бараж-дуели против Приморска и Задар испадна како послаб ривал, па затоа повторно ќе играат во втората лига од регионалното натпреварување.
На денешниот состанок на челниците на Јадранската лига беше направен и календарот за новата сезона во АБА 2, која ќе брои 11 учесници. Освен МЗТ, досега сигурни учесници се и Рогашка, Хелиос Санс, Спарс, Широки Брег, Борац, Нови Пазар, Динамик, Ловќен и Сутјеска, а последното место ќе биде пополнето со посебна покана од АБА.
Токму тимот кој ќе добие вајлд карта, во првото коло ќе гостува кај МЗТ Скопје, во дуел кој ќе се игра во периодот од 2-4 октомври, кога стартува новото првенство.
Комплетниот распоред на АБА 2 лигата може да го погледнете ТУКА.