МЗТ Скопје го доби мечот со Чаир кој почна пред два дена, а заврши вечерва

Кошаркарите на актуелниот шампион МЗТ Скопје, славеа во дуелот со Чаир 2030 со 84:89 во мечот кој започна уште во четвртокот.

Дуелот беше прекинат на полувремето при резултат 42:44 за Металците кои одбија да се појават на теренот со оправдување дека на паузата биле нападнати од ноефицијални лица.

Вечерва натпреварот се доигра во салата „Шабан Трстена“ и без присуство на навивачи, а кошаркарите на МЗТ Скопје во третата четвртина направија серија од 0:8 со која поведоа со 48:56. Домаќинот не се предаде и на статот од последната четвртина дојде до минус еден (63:64) по тројката на Галовај, но во финишот МЗТ Скопје успеа да дојде до триумфот.

На три минути до крајот, Дамјан Стојановски постигна тројка за 75:81, а потоа и Баковиќ погоди за плус осум за МЗТ Скопје чии кошаркари до крајот рутински ја задржаа предноста и славеа со 84:89. Гилон со 19 поени ја предводеше листата на стрелци кај МЗТ Скопје каде се истакаа и браќата Стојановски, Војдан и Дамјан со по 16 поени, додека кај Чаир 2030 блескаше Бревин Галовај со дури 40 постигнати поени.

Со победата, МЗТ Скопје се израмни со Работнички кој претходно со 92:73 го победи Кожув, на лидерската позиција на табелата со учинок од 16 победи и четири порази.

- Оглас -

Најнови вести