Кошаркарите на МЗТ Скопје на лесен и убедлив начин дојдоа до победата над ТФТ со 95-69 на првиот натпревар за двете екипи од последниот балон-турнир од јадранската АБА-2 лига.
„Штрковите“ имаа комплетна доминација во текот на целиот натпревар и победата ја најавија уште во првата четвртина, која ја добија со 28-15. ТФТ пружи отпор само во вториот период, кој заврши нерешено, 24-24, а второто полувреме заврши со 12 поени во корист на МЗТ Скопје.
Актуелниот шампион на Македонија со оваа победа барем привремено се искачи на втората позиција на табелата со осум победи, колку што имаат и екипите на Војводина и Златибор.
Двајцата најдобри стрелци на мечот во Широки Брег беа од редовите на МЗТ Скопје, Баковиќ со 22 поени и Делалиќ со 18.