Некогашниот кошаркар на Широки Бријег, Иван Карачиќ е нов играч на МЗТ Скопје Аеродром, пренесуваат босанските медиуми. Иван кој има презиме како славниот ракометар Игор Карачиќ кој беше еден од омилените на фановите на РК Вардар, игра на позицијата силно крило.
Карачиќ кариерата ја започна во Широки Бријег, каде помина неколку сезони, а пред почетокот на оваа сезона направи трансфер во Даброја Горница во Полска. Сепак, таму не се прослави затоа што прво имаше мала повреда, а потоа паузираше и затоа што се зарази со Коронавирусот.
Кошаркарот реши по споразумен раскин на договорот да си замине од Полска и да се пресели во редовите на МЗТ Скопје Аеродром. Интересно е што дебито за македонскиот тим Карачиќ треба да го има токму против својот поранешен клуб Широки Бријег и тоа в среда, во рамките од АБА 2 лигата.