МЗТ Скопје пред нов пораз во АБА лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје се наоѓаат пред нов пораз во АБА лигата бидејќи имаат негатива од 15 поени (62:47) во ефикасното прво полувреме на гостувањето кај Студентски центар.

И двете екипи како да заборавија на одбраните и беа поентерски расположени давајќи 109 поени во првите две четвртини.

Првата четвртина заврши со 36:28 за Студентски центар, а втората Металците ја загубија со 26:19.

Најпрецизни кај МЗТ Скопје беа Кафи со 10 и Миќовиќ со осум постигнати поени.

- Оглас -

Најнови вести