МЗТ Скопје со шутерско шоу ја разби Слобода

МЗТ Скопје има победнички старт во новото издание на АБА 2 лигата, а во „Јане Сандански“ со шутерско шоу декласирана е Слобода Тузла со 110:88.

Мечот почна со доцнење од речиси еден час поради пиротехничкото шоу на навивачката група на македонскиот шампион, а потоа на теренот доминираа нивните миленици.

Нуни Омот беше посебно расположен, постигна 33 поени, а само еднаш не погоди од 14 обиди. Американецот со кениско потекло беше перфектен за тројка со 6/6, имаше само една утка од 8 обиди за двојка, а погоди и едно слободно фрлање.

МЗТ Скопје ги доби сите четири четвртини, најубедливо последната со 29:17 и лесно се справи со гостите од БиХ.

Покрај Омот, ефикасни беа и Дамјан Стојановски со 16 поени, Крстевски даде 13, Магдевски 12, а по 11 поени уфрлија Маслинко и Хајндс.

- Оглас -

Најнови вести