МЗТ триумфално против Пелистер во Битола, во полуфиналето ќе игра против ТФТ

Екипата на МЗТ Скопје со 88:79  славеше на гостувањето кај Пелистер во последното коло пред разигрувањето во домашното кошаркарско првенство.

Актуелниот првак беше во целосна контрола во текот на целата средба, иако овој меч немаше резултатско значење, сепак победа над големиот ривал секако дека е мотив плус за во завршницата.

Најефикасен кошаркар кај победничкиот тим беше Војдан Стојановски со 16 поени.

Во полуфиналето, пак ќе се сретне со екипата на ТФТ, која што со триумфот над Гостивар од 87:80 заврши како четвртопласирана со 50 бодови.

Пелистер, пак ќе игра против екипата на Еуро Никел, која заврши како третопласирана. Јасно е дека Пелистер и МЗТ се огрмни фаворити за пласман во финалето, но не смее да се отпише ниту една од останатите две екипи кои што покажаа дека сезонава знаат да направат сензација.

 

- Оглас -

Најнови вести