ПСЖ му должи на Мбапе 80 милиони евра, фудбалерот веќе ангажирал адвокати

Килијан Мбапе летово си заминува од ПСЖ како слободен фудбалер откако му истече договорот и сосема извесно својата кариера ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Фудбалерот и сопственикот на клубот веќе подолго време не комуницираат откако Мбапе одби да го продолжи договорот, а сега се појавува и правен спорт помеѓу нив.

Според француските медиуми, ПСЖ на Мбапе му должи дури 80 милиони евра. Тоа се платата за април, но и бонусите за февруари. Ал-Келаифи предложил тие пари да му ги плати Реал Мадрид, но Флорентино Перес нема намера да го стори тоа.

Килијан Мбапе смета дека парите си ги заслужил и чесно си ги заработил на теренот, а бидејќи ПЖС одбива да му ги исплати, веќе ангажирал тим од адвокати кои ќе го тужат клубот и по судски пат ќе се обидат да ги наплатат долгувањата од ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести