На 100 метри пред целта беше седми, но… (Видео)

Американскиот јуниор Себастијан Спенсер, кој во кариерата има истрчано 100 метри за 10,60 секунди (рекорд на сојузната држава Западна Вирџинија), на една штафетна трка 4х100 на младинско натпреварување во САД направи вистински подвиг со којшто го привлече вниманието на светската јавност.

Спенсер, кој учи во средното училиште Вест Вирџинија Веир, кога ја презеде палката во последната измена, беше седми, на 80 метри до целта беше шести, а потоа „леташе“ по тартанот, ги престигна сите и низ целта мина како прв, носејќи му победа на својот тим.

Со потенцијалот кој го покажа разбивајќи ја конкуренцијата, можеби Спенсер еден ден ќе биде во репрезентацијата на САД и ќе освојува медали на големите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести