На 19 јануари Реал и официјално добива ново бразилско чудо

Реиниер Жезус Карвалјо на 19 јануари ќе има причина за двојно славје. Тоа е денот кога бразилскиот фудбалер ќе наполни 18 години и кога ќе потпише договор со Реал Мадрид. Талентираниот фудбалер на Фламенго веќе ги има договрено сите детали околу новиот договор, но мора да биде полнолетен за тој и официјално да биде валиден.

Договорот на играчот за врска со гигантот од „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде потпишан на шест и пол години, а трансфер сумата е 30 милиони евра. Од оваа сума, 24 милиони ќе завршат на контото на Фламенго, три се за семејството на фудбалерот, а три се за агентот на Бразилецот. Од Фламенго се разочарани што мора да го продадат играчот за оваа мала сума, но немаат како дасе изборат за повеќе пари.

По Винисус јуниор и Родриго Гоес за кои Реал издвои вкупно 90 милиони евра (по 45 за двајцата), Реиниер ќе биде третиот бразилски талент кој доаѓа во шпанската престолнина. Планот е Реиниер да започне во вториот тим на Реал, а откако ќе стекне повеќе искуство да биде прекомандуван во првиот тим на шпанскиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести