На Африканскиот куп на нациите се случува и играч да биде згазен од тие што треба да му помогнат (Видео)

Африканскиот куп на нациите е егзотично натпреварување интересно за обложувачите и љубителите на фудбалот затоа што има и несекојдневни ситуации какви шторетко се гледаат на други страни на светот.

Репрезентативецот на ДР Конго, Габриел Закуани, на Африканското првенство во 2015 година беше удрен од медицинското возило во кое требаше тој да биде качен на носила. Возачот малку задоцни со кочењето, па го поткачи кутриот Закуани, кој не очекуваше такво нешто.

Среќа што сопирањето не беше уште некоја секунда подоцна, така Закуани ќе беше целосно прегазен.

- Оглас -

Најнови вести