На Американците им пропаднало славењето на олимпиското злато, Кари, Дуарант и Едвардс тестирани за допинг

Кошаркарската репрезентација на САД го освои златниот медал на Олимписките игри кои неодамна завршија во Париз, Франција. Во финалето, Американците славеа над домашната селекција, а претходно во многу неизвесно полуфинале ја победија и Србија.

По завршување на финалето, дури тројца американски кошаркари морале да одат на допинг-контрола и сите биле негативни на тестовите, односно чисти.

„Воопшто немавме ни кога да се радуваме за златниот медал затоа што јас, Кари и Дурант бевме повикани да направиме допинг-тест или такво нешто“, откри ѕвездата на Минесота, Ентони Едвардс.

Дурант во финалето постигна 15 поени, а херој на Американците беше токму Кари кои постигна четири тројки во финишот на дуелот, кој на крајот го заврши со 24 поени. Кари беше херојот на САД и во полуфиналето против Србија кога беше незадржлив и постигна 36 поени во победата од 95:91.

- Оглас -

Најнови вести