На Арсенал му остана само надеж дека ќе се повторат настаните од 2019 година

По победата на ПСЖ против Арсенал од 1-0 во северниот дел на Лондон, пресметано е дека шансите за пласман во финалето изразени во проценти се 78-22 за францускиот тим.

Историјата покажува дека на Арсенал ќе му треба мало чудо. Овој клуб никогаш (имал пет обиди) не победил во нокаут-рунда во која загубил на првиот меч дома. А, од  друга страна, ПСЖ само еднаш бил елиминиран откако победил на гости на првиот меч.

На Арсенал ќе му треба повторување на настаните од 2019 година во кои беа вклучени англиски клубови. Тогаш ПСЖ загуби дома со 1-3 и беше елиминиран од Манчестер јунајтед по победа на парижаните на „Олд Трафорд“ од 2-0. Исто така во таа 2019 е еден само од двата случаи во историјата кога тим што загубил дома во полуфинале на првиот меч, влегол во финале на ЛШ, тоа му успеа на Тотенхем против Ајакс.

- Оглас -

Најнови вести