Ајнтрахт води со 3-1 по првото полувреме на дуелот со Баерн Минхен во бундеслигашки меч кој потсетува на оној од 2019 година кога на истиот стадион, Баварците беа разбиени со 5-1.
Ајнтрахт водеше со 3-0 после 36 минути игра, Нојер како ретко кога трипати ја вадеше топката од мрежа во толку краток период, а финишот на првиот дел, Кимих ја намали негативата на првакот, па за Баерн уште постои опција да остане непоразен, дури и сензационално да победи со луд пресврт.
Ова е голот на домашните за 3-0:
https://twitter.com/i/status/1733504042284794236