На Барса ѝ одговара што Ел Класико се одложи

Ел Класико дефинитивно нема да се одржи на 26 октомври, како што беше закажано според распоредот на оваа сезона во Ла Лига. Двата клубови предложија нов датум, дербито на „Камп ноу“ да се игра на 18 декември, а предлогот чека зелено светло од страна на челниците на Ла Лига.

Ова одложување му одговара на шпанскиот првак од причина што за дуелот против Кралевите ќе може да смета на Усман Дембеле. Французинот ззаработи црвен картон во претходното коло против Севилја, му следуваат два меча суспензија, а доколку Ел Класико останеше по стариот распоред, Дембеле немаше да биде во комбинација.

Сега суспензијата ќе ја отслужи во дуелите против Ејбар овој викенд, и една недела подоцна против Валјадолид, па така Дембеле може да му се стави на располагање на тренерот Валверде за најголемиот меч во шпанскиот фудбал. Инаку Барселона поднесе жалба да му биде намалена суспензијата на Дембеле на еден натпревар, но штом дербито нема да се игра на 26 октомври, и не е многу важно дали Французинот ќе паузира еден или два меча.

Дембеле во досегашните средби против Реал Мадрид не знае за пораз, три пати се радувал на победа и во два наврати учествувал во реми, а мрежата на Кралевите ја тресел во два наврати.

- Оглас -

Најнови вести