На Барселона и на Реал ова не им се случило цели 65 години, познати се полуфиналните двојки во Купот

Реал Мадрид и Барселона уште во четвртфиналето ги завршија настапите во Купот на Шпанија. Кралскиот клуб на свој терен беше шокиран од Реал Сосиедад и загуби со 4:3, додека Барселона потврди дека е во криза и не можеше да го избегне поразот од Атлетик во Билбао. Домаќините славеа со 1:0, и тоа со погодок во последните моменти од мечот.

Двете екипи од Баскија успеаја во ист ден да ги исфрлат двата најтрофејни шпански клуба од борба за куп-трофејот. Низ историјата на Купот на Шпанија цели 65 години не се случило Реал и Барса да бидат елиминирани во ист ден од Купот. Претходно последен пат тоа се случи во 1955 година, кога во ист ден беа елиминирани од Севилја и Атлетик, во мечеви од полуфиналето.

Денеска беше направена и ждрепката во Купот, а можно е да има баскиско финале. Реал Сосиедад за противник го доби второлигашот Мирандес, додека Атлетик Билбао е фаворит на свој терен против Гранада.

 

- Оглас -

Најнови вести